Филипче: Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни
Foto

Филипче: Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни

Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, а согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за апликација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови (ФДИ) и од Европската агенција за лекови (ЕМА), додаде Филипче.

Тој нагласи дека веќе се резервирани дозите за земјава и се очекува првите количества да пристигнат идниот месец.

– Истовремено во изминатите неколку денови добивме информација од КОВАКС системот дека и тие вакцини ќе стигнат во февруари. Можно е некои од земјите со кои разговараме, а тоа се Австрија, Бугарија, Полска и Грција најконкретно да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат на тоа дека главен проблем и зошто тоа досега не беше направено, како еден најавен механизам од страна на Европската комисија на солидарност не само со нашата земја, туку и со другите држави што не се членки на ЕУ, е во количината што ја добиле. Значи, значајно помала, некаде десетина од планираната за нивните земји, посочи Филипче, одговарајќи за новинарски прашања по промопредавањето на донацијата од СЗО на Институтот за судска медицина.

Тој додаде дека согласно планот на компанијата „Фајзер“ и со зголемувањето на нивното, но и производството на другите компании што се дел од КОВАКС системот, верува дека по февруари дистрибуцијата на вакцини ќе биде еден процес што насекаде ќе започне со една значајна динамика.

0 Коментари

Остави коментари