- Филипче се покаја за измените на КЗ со кои паднаа во вода случаите на СЈО
Венко Филипче контра Димитар Ковачевски околу направените измени на Кривичниот законик. На денешниот прв брифинг со новинарите посочи дека ќе иницираат нови измени односно нов Кривичен законик кој бил направен уште во 2017 во времето кога министерството за правда го раководеше Рената Десковска.
Ваквиот став на Филипче доаѓа по вчерашниот извештај на ЕК каде конкретно за Македонија беше нотирано дека токму носењето на Кривичниот законик кој го донесе претходната влада негативно влијаел во борбата против корупцијата.
Премиерот Мицкоски пак вели дека во изјавата на Филипче препознава признание за направените грешки во времето на неговиот претходник Ковачевски и коалицискиот партнер ДУИ, но прашува дали од тоа извадиле некаква поука.
Во врска со извештајот на ЕК особено во делот каде се критикува неговата идеја за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, вели од некаде да се почне. Во извештајот на ЕК препозна критики само за како што рече поразителните политики на претходниот владин состав.
Лидерот на опозицијата освен зa грешките на неговите сопартијци се осврна и на првиот месец од изборот на новата Влада, на Мицкоски му порача дека се што кажал како што рече излажал. Премиерот пак со порака дека добиле половина милион гласови за да го подобрат животот на граќаните.

