Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено
Foto

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

-Засега не. На состанокот што ќе се одржи во понеделник таа тема што ја инициравме на почетокот на оваа недела ќе продолжи. Да ги видиме сознанијата, ставовивте на повеќе други земји, да согледаме каква е ситуацијата кај нас. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано се уште. Сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, меѓутоа во исто време треба мерката да има логика, топло време итн, изјави министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека прво треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа рече, треба да се слуша ставот на експертите.

-Мислам дека тоа би можело да следи, ама не можам да кажам кога точно временски би било како препорака, прво да се тргне обврската за носење маски на отворено, односно да важи само тогаш кога има групирање на луѓето и да се прфатат барањата на угостителите, има логика да се зголеми бројот на гости  на масите. Меѓутоа сè уште сметам дека е рано да се препорача тргање на маските на затворено. Лично сметам, ќе го слушенме ставот на експертите епдиемиолози и останатите во КЗБ , други кои не се членови на Комисијата дека таа препорака треба да остане и понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче.

0 Коментари

Остави коментари