ФИЛИПЧЕ ПРЕДИЗБОРНО СЕ ОТКАЖА ОД ЈАВНО –ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ВО БРЗАТА ПОМОШ
Foto

ФИЛИПЧЕ ПРЕДИЗБОРНО СЕ ОТКАЖА ОД ЈАВНО –ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ВО БРЗАТА ПОМОШ

Министерот за здравство се пишмани. Јавно приватно партнерство во брзата помош засега нема да има. Филипче предизборно се повлекува од оваа идеја. Јавноста не ја виде ниту физибилити студијата која чинеше околу 100.000 денари и се подготвуваше речиси две години, а требаше да ги детектира проблемите и да понуди решнија за подобро функционирање на службата преку овој модел. Филипче сега вели дека станува збор за комплексен процес.

„Гледајте, тоа се навистина сериозни процеси и треба сериозна посветеност во многу сектори. Премногу е комплексен системот на здравството во било која држава за да може само секторот или министерот за здравство да одлучува за некои работи, и на ниво на Влада, и на ниво на министерство за финансии, економија и во некои сфери на образованието, така што сето тоа ќе остане за понатаму“. - Венко Филипче – Министер за здравство.

Во меѓувреме пак министерството набави нови 13 возила за домашна посета во во Скопје. Сепак за возила за транспорт на пациенти на кои им треба итна медицинска помош ќе се чека на донација од Кина.

„Со тоа верувам дека дефинитивно ќе се задоволи потребата од соодветен број возила, соодветно опремени за оваа служба за итна медицинска помош конечно да функционира така како што треба. Значајно се зголеми бројот на лекари во текот на 2019 година. Примени беа вкупно 40 лекари и 15 медицински сестри, од тие 40 – 27 работат во службата за итна медицинска помош и сега тој број е 55. Уште дополнителен број на 40 сестри примени на стажот од шест месеци кои ќе продолжат да го извршуваат и оваа година со обезбедени финансиски средства, а трае и една година“. - Венко Филипче – Министер за здравство.

Пунктовите за брза помош пак во Драчево и Ченто кои беа отворени во времето на претходната власт, а останаа затворени поради недостаток од кадар, министерот Филипче уверува дека за два месеци ќе бидат екипирани со медицински тимови и ќе почнат повторно да функционираат, а до крајот на годината ќе почнат да работат и останатите пунктови на брзата помош во приградските населби.

0 Коментари

Остави коментари