Филипче порачува дека нема да дозволи српско сценарио, ВМРО-ДПМНЕ му возврати да оди да се лекува
Ја чека ли Македонија српско сценарио откако опозицискиот лидер Венко Филипче денеска со поостар тон кон премиерот Мицкоски но и владата го адсресираше ова прашање повикувајќи се на серијата актуелни настани .
Го праша Мицкоски зошто ако не планира да донесе мигранти, во собранието неговите пратеници не даваат поддршка на резолуцијата со која СДСМ како што вели сакала да го спречи влезот на мигрантите кои според информациите кои доаѓаат од Бихаќка но и повикувајќи се на дел од британските медиуми до јуни требало да стигнат но тоа планирале да го спречат со како што рече Филипче сите демократски капацитети а не ја исклучуваат ниту можноста за протести како што најави и претходно но рече дека за сите нови чекори дополнително ќе известеле .
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ пак денеска експресно му возвратија прво со соопштение а потоа и со пресконференција наведувајќи
ВМРО ДПМНЕ
- Му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави, ваквите размислувања кои ги има и ги пласира во јавноста, кои се лажни и невистинити, му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка, нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.
Миле Лефков од партиското седиште пак со дирекно обвинување на адреса на Филипче дека како што вели тој во времето на владеењето на Заев преговарал за предлози за правење на прифатни центри за мигранти .
Реториката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ особено се разгоре деновиве не само поради темата со мигрантите туку и т.н бомби кои ги најави опозициската СДСМ а кои ги пласираат од партиското седиште преку прес конференции .

