Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки
Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство не се откажуваат од мерките носење маска на отворено, стоп за групирање по 22:00 часот и забраната за домашни посети на повеќе од четворица гости.
Здравство ќе интервенира амандмански во Законот за заштита од заразни болести кој веќе е во собраниска процедура и наредната недела ќе се носи по скратена постапка. Кога законот ќе помине ќе казнува и полицијата и инспекторатите.
Почнува на 0.55 се изнуди практично таква ситуација завршува на 1.22 и да се контролира и да се спроведува
Откако поради алармантниот раст на Ковид пациенти се преполни струмичката болница, од таму побараа помош од дополнителен број лекари и медицински персонал. Министерот Филипче вели дека недостатокот ќе се решава како и досега со ротација на медицинскиот кадар. Не само во рамки на самата болница, туку и од други здравствени инстутуции ако за тоа има потреба.
Иако бројот на хоспитализирани расте, засега слободни места има во сите Ковид центри во државата, а од вчера во функција е ставен простор и во кавадаречката болница. Поради алармантниот раст на новозаболени со корона вирус вчера Комисијата за заразни болести до Владата предложи и нови мерки.
Со нив се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, а автобустите од јавниот превоз да возат со половина капацитет. За петнаестина дена треба да почне и вакцинацијата против сезонски грип. Веќе се набавени 40.000 вакцини, кои ќе бидат бесплатни и се наменети за ризичните групи.