Филипче: Не излегувајте надвор кога е загадено, јадете овошје и зеленчук
Foto

Филипче: Не излегувајте надвор кога е загадено, јадете овошје и зеленчук

Не излегувајте надвор од дома кога е загадено, јадете овошје и зеленчук – министерот за здравство со препораки до граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух. Освен препораки министерството не може друго да направи – вели министерот Филипче. Здравствените власти ќе набават и 50 000 маски за граѓаните со хронични заболувања, но се уште не се знае кога и како ќе бидат дистрибуирани.

„Свесни сме дека тоа е проблем долги години наназад, меѓутоа решавањето сепак не е за почнато. Во овој момент кога директно се соочуваме со овој проблем ние во функција на министерство за здравство и ИЈЗ навистина не можеме да направиме ништо повеќе освен да излеземе со препораки до граѓаните, сметам дека преземаме максимално што можеме“ вели Венко Филипче – Министер за здравство.

Од невладините велат набавката на маските е добра но задоцнета мерка.
Освен тоа додаваат дека има многу недоречености во однос на тоа какви ќе бидат спецификациите на маските, нивното времетраење, дали набавката ќе биде еднократна и само за одредена категорија на граѓани.

„Подобро е работите да се прават понавреме. Ова ако било испланирано пред неколку месеци и завршиле јавните набавки претпоставувам и граѓаните не би се бунеле толку за она што ни се слулчува. Во секој случај добро е и што сега се случува, но ова не смее да биде крајот затоа што има и други чекори што треба да се преземат во догледно време, затоа што ова е само лекување на последиците“ - рече Наташа Амдиу– НВО „Зелен институт“.

Додека граѓаните се гушат во загаденот воздух заменик министерот за животна средина се фали дека Македонија бележи напредок во справувањето со климатските промени.
Мерните станици во Лисиче Гази Баба и Велес со месеци не ги мерат штетните ПМ10 честички честички, но според Макрадули - тоа не пречи во информирањето на јавноста кога прагот е надминат. За еко активистите е несфатливо како може со месеци да  не работат мерните уреди.

„Мора да се воведе и тоа итно, исто како што прават интервентен увоз на маски, мора да се направи и интервентен увоз на уреди. Ние не можеме да викаме два месеци дека не работат мерните уреди, дека се расипани итн. Има нови технологии, нови мобилни мерни уреди кои што може да се користат и се релативно ефтини така што такви изговори дека немаме пари за мерни уреди не треба да прифатиме.“ - вели Гордана Несторовска – НВО „Радар“

Од невладините препорачуваат неколку интервентни мерки како воведување на бесплатен јавен превоз без разлика дали има надминување на прагот на штетените ПМ10 честички, кнамалување на градежните активности како и  користење на адитиви кои ќе придонесат за побрзо согорување на горивата.

0 Коментари

Остави коментари