Филипче најавува и поширок опозициски фронт – наскоро нови имиња во врвот на СДСМ

Нови имиња но и нова проширена опозициона платформа најави првиот опозиционер Венко Филипче . Во врска со внатрепартиските преструктуирања  иако ги најави за неделава сепак рече процесот бил покомплексен и ќе треба малку повеќе време но потенцираше дека во партијата веќе имало и повратници. Не ги коментираше дел од оставките на некои имиња кои периодов се повлекоа од повисоките органи на партијата но посочи дека  внимателно ќе ги правеле идните чекори имајќи ја во предвид како што рече и се уште емотивната страна која владее во партијата за што вели одговорноста е колективна а не само на еден човек. 

Иако  пред скоро два месеци ја најави резолуцијата за која пак вчера собранискиот спикер Гаши рече дека не е официјално стигната до законодавниот дом Филипче денеска посочи дека ќе биле политички коректни и ќе им даде уште време на партиите до кои е испратена да ја разгледаат а не ја исклучлува можноста да ги повика и на иста маса да дискутираат доколку има расположение за тоа. Сепак од владејачката ВМРО ДПМНЕ и денеска со критики на адреса на Филипче како причина поради ситуацијата во која се наоѓа СДСМ .

Изминатиот период по оставката која си ја поднесе потпретседателката на партијата Ана Чупевска истото го направи и кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација Костадин Ацевски кој  се повлече од функцијата и истовремено побара оставки од лидерот на партијата од целото раководство. Ова го темелеше не само на лошите резултати од последните локални избори туку и од како што наведе самото делување на партијата .