Филипче најави дека СДСМ нема да престане со објавување на корупциски „бомби“, ВМРО-ДПМНЕ го нарече „лош таблоид“

Власта нема одговор за проблемите со кои се соочува, па наместо конкретна реакција на корупциските скандали кои ги обелоденува опозицијата, се служи со дефокусирање и замајување на јавноста, обелодени денеска претседател на СДСМ Филипче. Првиот човек на СДСМ вели дека партијата тука нема да застане и ќе продолжи да објавува коруптивни скандали.

Венко Филипче, претседател на СДСМ

„Следат нови бомби... Нашиот АКТ тим работи врз основа на информации кои се аплицираат на нашата антикорупциска платформа. Огромен број од информациите доаѓаат од членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една институција до сега нема преземено ништо за ниту еден предмет, но тоа нема да не попречи во објавувањето на нивниот криминал.“ вели Филипче... За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувањата на Филипче се лош таблоиден обид, потсетувајќи на методите од доцните 90-ти години, без факти и конкретни докази.

ВМРО-ДПМНЕ

„Секогаш истото сценарио: ‘следуваат бомби’, ‘имаме информации’, ‘чекаме институции’. Зборуваат за буџетска дупка, а го забораваат периодот кога СДС ја празнеше касата и ја задолжуваше државата без план и одговорност. Денес, кога некој конечно ги средува работите, тие глумат загрижени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Несогласувањата и заострената реторика меѓу власта и опозицијата следат откако првиот човек на социјалдемократите обвини дека ВМРО-ДПМНЕ креираат лажни вести кои СДСМ треба да ги демантир, а во позадина целта е дефокус на јавноста....