Филипче: Македонија ја пропушта европската шанса, СДСМ почнува „нова одговорност“
Државата не смее повторно да остане во чекалната на Европската Унија, Владата дека нема јасен план за отворање на кластерите во преговорите порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 32 конгрес на партијата каде беше промовирана нова партиска платформа како и програмски определби, со пораки за европска иднина, економски развој и политичка одговорност.
Конгресот се одржа под мотото „Твоја држава, твоја шанса“ Во фокусот на партиските пораки беа економијата, фер оданочувањето, заштитата на работниците, департизацијата на институциите и европските интеграции.
Филипке порачаа дека новата платформа треба да претставува основа за обнова на довербата кај граѓаните и враќање на социјалдемократските политики
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: „Ова не е обичен конгрес. Ова не е само нова идеолошка програма и збир на ветувања. Денес сме тука не само за да изгласаме документ, туку да кажеме дека СДСМ е заштита на понижениот човек. Ова е конгрес на нова одговорност.“
Во своето обраќање, Филипче се осврна и на регионалните процеси. Со порака дека Македонија заостанува зад соседите во евроинтеграциите.
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: „Додека ние стоиме во место, Албанија ги отвора преговорите. Околу нас се движат процеси што ќе ја променат политичката карта на регионот, а Македонија не смее да остане настрана и да гледа како возовите поминуваат.“
Иако стратегијата на СДСМ изминатиов период се темели на итни уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, (уставните измени) не ги пишува во ниеден докумет .
Во едниот се нагласува забрзано членство во Еу, а во другиот стои дека јазикот е црвената линија, итно исполнување на обврските од кластерот фундаменти, но не и уставни измени.

