Филипче: Ја повикувам опозицијата да не ја блокира изградбата на новиот Клинички центар
Foto

Филипче: Ја повикувам опозицијата да не ја блокира изградбата на новиот Клинички центар

„Ја повикувам опозицијата да ги повлече 2000 амандмани со кои намерно ја блокира изградбата на новиот Клинички центар. Предлагаме собраниска комисија којашто ќе ја водат пратеници од опозицијата, нека ја водат слободно тие постапката за Клинички центар. Ние ќе бидеме тука како Министерството за здравство да ги поддржиме, а тие нека го контролираат процесот на изведба и на секој аспект од проектот. Не бегаме од ништо се е отворено и транспарентно, ајде еднаш да покажеме дека можеме заедно да направиме нешто за граѓаните. Ако опозицијата не го прифати ова ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае.“ - напиша на Фејсбук минситерот Венко Филипче.

0 Коментари

Остави коментари