Филипче: Есенскиот бран ги оптерети лабораториите за тестирање, се работи на изнаоѓање решение за нови термини
Foto

Филипче: Есенскиот бран ги оптерети лабораториите за тестирање, се работи на изнаоѓање решение за нови термини

Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

- Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, потенцира Филипче.

Филипче истакна дека со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски одржале работни состаноци и со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје со цел дополнително зајакнување на сите здравствени капацитети во земјава во периодот кој претстои.

„Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети во интерните одделенија низ државата со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период. =- напиша Филипче на фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари