Филипче без кандидати за градоначалници во Кичево и во Струга
Венко Филипче нема да кандидира кандидати за градоначалници за Кичево и Струга, потврдуваат за ТВ 24 високи партиски извори од Бихаќка. Иако лидерот на социјалдемократите до последен момент ја држеше базата во неизвесност, јасно е дека во овие градови нема да истрчаа со канидат. Според истите извори планот е Филипче да застане зад фаворитот на Христијан Мицкоски во Кичево, лекарот Александар Јовановски , но се уште е нејасно дали и јавно ќе повика на такво нешто. За Струга пак според неофицијалните информации се разговара и со ДУИ и со Вреди за поддршка, а за возврат СДСМ да добијат поддршка на нивните кандидати во Куманово и во Крушево. Според инфирмациите на ТВ 24 , базата и во Кичево и во Струга инсистираше на кандидат за градоначалник, а и дел од функционерите од овие градови.
Во Струга нема кандидат за градоначалник ниту ВМРО ДПМНЕ, таму тие ќе го поддржат бизнисменот Менди Ќира зад кој застанаа коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ, тројката од ВРЕДИ.
На Ќира ќе му се спротистави кандидатот од Европскиот фронт , Арсим Далипи, но и пратеничката Јована Мојсовска од Левица.
Јовановски во Кичево ќе се трка со актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ и министерот за социјала Фатмир Лимани од Вреди

