Филипче бара хибриден модел да го реши проблемот со недостатокот на матични лекари

Министерството за здравство размислува за хибриден модел со кој ќе се реши проблемот со недостаток на матични лекари. Во малите средини и градовите каде нема доволно медицински кадар  пациентите наместо на лекар ќе се запишуваат на ординација. Сепак тоа е не целосен одговор на барањето на приватните лекари кои бараат промена на законот за здравствено осигурување и можност капитација да добиваат и лекарите кои ќе останат без медицински сестри и нема да можат да комплетираат тим во законскиот рок од 35 дена.