Фидовски нов шеф на ОЈО Скопје, Бубевски „извиси“ за нов мандат
Со седум гласа „за“ Советот на јавни обвинители го избра Анел Фидоски за шеф на скопското обвинителство. На седницата на советот, членката Марјана Илиеска рече дека тој поседува авторитет и покажал подготвеност за примена на современи стандарди и практики во обвинителската работа.
Додека пак, досегашниот јавен обвинител на скопското ОЈО и кандидат за уште еден мандат, Гаврил Бубевски со пет гласа „за“ извиси во трката. Сите петмина кандидати кои конкурирале ги исполнувале формалните услови, изјави претседателот на Советот Башким Бесими, кој даде поддршка за Фидоски, а беше „воздржан“ за Бубевски.
Башким Бесими-претседател на Совет на јавни обвинители на РСМ
„Доби поддршка од Советот и ќе го поддржиме до крај. Избраниот покажа на интервјуто покажа добри резултати и заради тоа Советот ценеше дека треба да му се даде шанса и му дадовме шанса.“
Покрај Анел Фидоски и Гаврил Бубевски, конкурираа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.Трајчевска и Андонова добија по еден глас „за“, а Петрески не доби ниту еден глас „за“.
Фидоски на јавноста ѝ е познат по високопрофилните предмети-убиството на членот на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски. „Тенковски делови“ против поранешниот премиер Владо Бучковски, кој заврши со застарување по преквалификација на делото. Пред неколку години, Хелсиншки комитет реагираше И за случајот за малата Тамара, затоа што при завршните зборови јавниот обвинител Фидоски направил правна преквалификација-ОДНОСНО СЕ откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што според него истите немале кривична одговорност како службени и одговорни лица.
Инаку, Советот на јавни обвинители со 10 гласа „за“ го избра актуелниот но и еденствен пријавен кандидат за обвинител на ОЈО Тетово, Бесир Алиу.

