ФИА му изрече несекојдневна казна на Ферстапен поради вулгарниот речник
Гран-при викендот во Сингарпур започна навистина лошо за Макс Ферстапен, од една страна поради случувањата на патеката, но и поради истрагата од ФИА.
Мохамед Бен Сулајем како прв човек на ФИА побара построги казни за возачите кои се навикнати редовно да пцујат преку тимските радиа и обраќањата за време на викендите, па за да се покаже пример со актуелниот светски шампион, Макс ја заработи првата казна за прекршување на членот 12.2 од меѓународниот спортски кодекс.
– Не знам што се случува, поинаку е поставен сетапот на болидот. Штом ги стартував квалификациите, веднаш сфатив дека нашиот болид е е.ан, – изјавил Ферстсапен на прес-конференцијата во Сингапур во четвртокот.
Поради оваа изјава, ФИА му додели несекојдневна казна на Ферстапен, па наместо да го „удри“ по џебот или со полош старт од резултатот на квалификациите, соопшти дека Холанѓанецот во блиска иднина ќе мора да одработи општествено корисна работа.
Во соопштението не се појаснува за каква општествено корисна работа станува збор, но претпоставки се дека Макс сега ќе мора да учествува во дел од ПР кампањите на ФИА.