ФИА ја покажа патеката во Виетнам за Ф1 2020
Foto

ФИА ја покажа патеката во Виетнам за Ф1 2020

Патека базирана на постоечки патишта во близина на Ханој, ќе ја збогати понудата на Ф1 во 2020 година. 

Кругот е долг 5.565 метри, има 22 свиока и два долги правца, едниот 800 метри, вториот 1.500 метри, па се предвидува дека на него ќе се развиваат брзини со над 335 километри на час. Патеката е главно улична, сепак има еден дел кој уште не е изграден. 

Виетнам е прва трка која ја воведува новиот сопственик на Формула 1, Либерти медија, но уште не се знае дали ќе биде внесена на местото на некоја постоечка или ќе биде само додадена во календарот за 2020. За следната сезона веќе е познато дека ќе се возат истите 21 трка.

0 Коментари

Остави коментари