ФФМ отвори постапка против фудбалскиот клуб Вардар за срамната прослава на шампионската титула – одлука во вторник

Осуда и барање за извинување, се најголем дел од реакциите по срамното и недолично прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, а на која се пееја навредливи песни. 

Спортските власти пак покрај осуда најавија и покренување на постапка против клубот кој може да се соочи и со казна поради навредливото пеење. 

Од ФФМ истакнуваат дека е неприфатлива потребата да се пејат вулгарни и навредливи текстови. 

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите.