ФФМ ги соопшти номинираните за најдобри во 2018
Foto

ФФМ ги соопшти номинираните за најдобри во 2018

Бесарт Ибраими е силен фаворит за наградата најдобар фудбалер, кој се бира во конкуренција на македонските прволигаши. Противници му се клупскиот колега Висар Муслиу и Љупчо Дориев од Академија Пандев. За најдобар млад фудбалер конкурираат Бојан Колевски од Вардар, Арбин Зејнулаи од Шкендија и неговиот соиграч до јуни, Енис Фазлагиќ, кој од новата сезона настапува во Жилина, во словачкото првенство. За тренер во младинска конкуренција се гласа меѓу Беким Османи и Берат Имери, двајцата од Шкендија и Александар Стојанов од Академија Пандев. Ленче Андреевска, Афродита Салихи и Александра Ристовска се кандидатки за најдобра фудбалерка, а Илија Мандаров, Славе Велков и Кирил Изов за најдобар тренер во женски фудбал.

Најдобар во футсал ќе биде или Иљбер Алили од Шкупи ил Дарко Ранготов од Велес или Горан Арсовски од Кратово, додека Марјан Стефановски, Гафур Асани и Зоран Лекиќ се номинирани за тренер во Футсал. Во овие категории се гласа онлајн, на вебсајтот на ФФМ, а и оваа година, наградените за најдобар интернационалец, најуспешен тренер и најдобар спортски работник не ги одредува јавноста, туку управниот одбор на ФФМ.

0 Коментари

Остави коментари