Фетел: Сакав да испратам порака дека секој има еднакви права на љубов
Foto

Фетел: Сакав да испратам порака дека секој има еднакви права на љубов

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел денеска изјави дека „сакал да испрати порака“ кога облекол маица во бои на виножито пред трката за Големата награда на Унгарија, во знак на протест против законот што го усвои унгарската Влада против ЛГБТК заедницата.

Трката се одржа на 1 август на патеката Хунгароринг, а Фетел ја облече шарената маица пред почетокот на завршната свеченост при изведбата на химната на домаќинот. Тој притоа ги имаше истите мотиви и на кацигата од трката, но и на неговата маска за лице. Возачот на Астон Мартин за Би-би-си изјави дека е горд што ја поддржува ЛГБТК заедницата.

– Не бев нервозен и не се срамев од боите на виножитото или што и да мислат луѓето… Сакав да испратам порака и бев многу горд на тоа. Пред тоа видов на вести дека актуелната Влада го нема баш најпрогресивниот став во врска со некои работи. Има многу дебати и за закони кои им забрануваат на луѓе од различна возраст пристап до сеопфатно образование, испуштајќи некои делови, што мислам дека е сосем погрешно, рече тој.

На неговата маица пишуваше „иста љубов“ (Same love).

– Мислам дека тоа ги објаснува погрешните сфаќања што луѓето ги имаат – на убав начин. Не е важна бојата на Вашата кожа, не е важно од каде доаѓате, не е важно кога ќе се вљубите… На крајот, вие само сакате ист третман за сите, рече Фетел.

0 Коментари

Остави коментари