Фетел прв низ целта, но Хамилтон е победник во Монтреал
Foto

Фетел прв низ целта, но Хамилтон е победник во Монтреал

Монтреал беше домаќин на уште една возбудлива и контроверзна трка во која целта прв ја мина Себастијан Фетел, но победата му припадна на Луис Хамилтон. Причина за ова е казна од пет секунди на времето на Фетел, поради инцидент во 48. круг.

Тогаш Германецот од Ферари за кратко излета од патеката, кај свиокот број четири, но се врати од тревата на асфалтот и веднаш го затвори Луис Хамилтон, кој беше блиску зад него. Фетел не ја загуби позицијата, но стјуардите го ставија инцидентот под истрага и пресудија дека тој небезбедно се вратил на патеката и го загрозил дури и Хамилтон. Британецот не се одлепи од Фетел до крајот и си ја заработи 78. победа во кариерата, петта оваа сезона. На крај сакаше да биде џентлмен и коректен, па го качи Фетел на своето, највисоко место на подиумот, кој беше дополнет со вториот возач на Ферари, Шарл Леклер.

Валтери Ботас заврши четврти, а Макс Ферстапен петти, пред двата болида на Рено, Рикардо и Хулкенберг и Гасли на осмото место. По оваа трка Хамилтон дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман, со 165 бода, пред Ботас со 132 и Фетел со 100. Следната трка се вози во Франција за 14 дена.

0 Коментари

Остави коментари