Фетел немал проблем да го пропушти Раиконен во Бразил
Foto

Фетел немал проблем да го пропушти Раиконен во Бразил

Себастијан Фетел изјави дека немало проблеми да го пушти Кими Раиконен пред себе за време на Гран При на Бразил, откако доби наредба од тимот да го направи тоа.

Трката беше „кошмарна“ за Германецот, кој беше сметан за фаворит, но остана само шестти и ја оцени трката во Сао Паоло со единица на скала од 10.

– Се беше нормално. Кими имаше подобри гуми, додека јас така и не можев да го поминам Валтери. Затоа тимот ме замоли да го пуштам Кими, што го направив без проблеми. Мило ми е што потоа успеа да стигне до подиумот - рече Фетел.

За пилотот на Ферари ова беше вториот најлош резултат во завршена трка, по осмата позиција во Кина.

0 Коментари

Остави коментари