Фетаи учи македонски, Јаневска ќе почне на учи албански - „топката“ пред реконструкција се спушта
Вака министерот за добро владеење Арбен Фетаи одговори на новинарското прашање до каде е со учењето на македонскиот јазик откако вчера од неговата партија ја искритикуваа министерката за образование Јаневска дека не знаела ниту еден збор на албански и дека секој министер особено за образование треба да знае по нешто албански бидејќи како што велеа живеела во мултиетничка средина.
Фетаи кој веќе извесен период во своите јавни настапи го користи албанскиот и англискиот јазик ова го правдаше со тоа дека најголем период од животот поминал во странство но и дека се уште учи македонски.
И претходно за еден од неговите јавни настапи кога даваше изјави без преведувач реагираше и премиерот Мицкоски кој ит огаш посочи дека разговарале и дека министерот ќе продолжи да го изучува македонскиот јазик а дотогаш во неговите јавни настапи редовно да зема барем преведувач како што тоа беше случај денеска .
Вчера пак владиниот коалициски партнер Вреди ја искритикуваа министерката Јаневска за настанот во неделата во Тетово кога бараше од тетовскиот градоначалник Билал Касами да одговара на сите прашања на македонски за да може да го разбере по што таа доби клритика од владиниот коалициски партнер дека не треба да ја фрустрира тоа што не знае албански на што пак влера доцна вечерта за дел од медиумите во кратката изјава таа се извини и рече дека кога ќе имала време ќе почнела да учи и албански и дека нејзината реакција била недоразбирање додека Касами не и појаснил дека на сите прашања по албанскиот ќе одговори и на македонски јазик .
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак вчера во кусата реакција само побараа да се почитува македонското законодавство .

