Фетаи се повлекува од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје

Обвинителката Фатиме Фетаи се откажала од битката за шеф на Вишо јавно обвинителство Скопје? Во обид за потврда на ваквата вест побаравме одговор од Фетаи, но остана недостапна. 

Информацијата ја потврди претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во телефонски разговор појасни дека добил известување по електронска пошта дека Фетаи се повлекува но планира во текот на денот да се слушне со неа за да Фетаи потврди дека таа го испратила известувањето.

„Имаме официјална кандидатура, со потпис. Ќе бараме потврда официјалнао известување за повлекувањето од Фетаи, документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори.“ - вели обвинителот Јолески. 

Ова доаѓа само неколку дена откако Советот на јавно обвинителство во понеделникот по еден ипол час доцнење одлучи да ги одложи точките од денвен ред кои се однесуваа на избор  на шефови на седум основни и виши обивнителства.

Ако Фетаи и писмено потврди дека се повлекува, впо трката за шеф на Вишото скопско обвинителство ќе останат останат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.

Продолжението на 70-тата седница на Советот за Јавни обвинители е закажано за в понеделник на 21 ноември.