Фестивалот Сан Ремо 2021 за првпат во историјата без публика
Foto

Фестивалот Сан Ремо 2021 за првпат во историјата без публика

71-то издание на италијанскиот музички фестивал Сан Ремо годинава заради пандемијата од коронавирусот, за првпат се одржува без присуство на публика. Фестивалот се одржува од 2 до 6 март во салата Аристон. Сцената наместо со публика, беше украсена со балони во различни бои и во спомен на жртвите на ковид-19 во Италија.

На сцената годинава беа само двајцата водители Фиорело и Амадеус, оркестарот и изведувачите. Пред одржувањето на фестивалот, сите учесници беа подложени на строг карантин и тестирани, како и оркестарот во кој сите носеа маски. Годинава, заедно со водителите, на сцената ќе се појават секоја вечер и нивни помошнички.

Гласањето ќе се одвива по четири методи, телевоутинг преку интернет апликација на секој изведувач и онлајн гласање, жири комисија, т.н. народно жири кој годинава ќе гласа онлајн преку платформата за електронско гласање ипсос, а ќе гласаат и самите изведувачи и членовите на оркестарот.

На првата вечер која се одржа вчера, беа изведени 13 композиции, 13 од изведувачи кои веќе настапиле на фестивалот, и  кои за првпат настапуваат, а од кои двајца обезбедуваат понатамошно учество. Како специјални гости вчера се појави и познатиот хрватски фудбалер Златан Ибраимовиќ. Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ во ревијалниот дел на славниот музички фестивал „Сан Ремо“. Србинот, кој е тренер на Болоња, и Швеѓанецот, кој игра за Милан, утре ќе го отпеат стариот хит „Вагабундо“, песна која беше изведена од бендот „Номади“ на „Сан Ремо“ во далечната 1972 година. Поради рестрикција на повеќе земји за патување, годинава нема да има ексклузивни гости од светски калибар.

На втората вечер беа изведени истотака 13 песни, плус 4 од дебитантите. Специјална почест му беше одадена на композиторот Енио Мориконе. Принципот на гласање се задржува и годинава до 33% од сите методи на гласање. на ова издание наместо 10, ќе има осум дебитанти, од кои секоја вечер ќе се одберат по двајца кои ќе се натпреваруваат утре, во полуфиналето и финалето. Како специјална гостинка на втората вечер се појави и Лаура Паусини која ја изведе песната „Io sì (Seen)“ која ја доби наградата Златен глобус за најдобра песна од филмот „The life ahead“.

И годинава, гледачите на РАИ фестивалот го следат и преку посебен канал наменет за лицата со оштетен слух со знаковно толкување на песните.

0 Коментари

Остави коментари