Ферстапен: Сите имаа можност да се уверат во моќта на Мерцедес
Foto

Ферстапен: Сите имаа можност да се уверат во моќта на Мерцедес

Пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше импресиониран од перформансите на болидите на Мерцедес. Ферстапен на вчерашната трка од Формула 1 шампионатот не успеа да се одбрани од Хамилтон и на крајот заврши на второто место.

– Сите видоа колку се брзи болидите на Мерцедес кога треба да нападнат. Луис беше многу добар, а доминацијата на Мерцедес се манифестираше на дело. Не верувам дека на други трки ќе треба да напаѓаат со полна сила, но и во таков случај се далеку пред останатите, изјави Ферстапен.

На Гран-при на Унгарија Хамилтон на Мерцедес му ја донесе десеттата победа во 12 трки во досегашниот дел од шампионатот. На останатите две триумфира Ферстапен.

0 Коментари

Остави коментари