Ферстапен победи во завршната трка на Формула 1 во Абу Даби
Foto

Ферстапен победи во завршната трка на Формула 1 во Абу Даби

Последната трка за ГН на Абу Даби на патеката Јас Марина, започна со Макс Ферстапен на пол позицијата. На 19от круг, победникот од минатиот викенд Серхио Перез ја заврши трката поради дефект на моторот кој едноставно му се изгаси среде трката и мораше да биде вклучено најпрвин виртуелното безбедносно возилол  а потоа и возило на патеката додека не се отстрани болидот.

Ферстапен, Ботас и Хамилтон беше тројката која доминираше во трката до половина на трката. Карлос Саинц од тимот на Мекларен поради пребавното возење ќе биде подложен на истрага, а обично кога ќе се случи ваков инцидент на патеката, тој се истражува по завршувањето на трката и откако ќе се земе изјава на возачот инволвиран во инцидентот.

Трката зеде замав пред самиот крај, иако беше доста монотона. Возачите се обидуваа да го извадат максимумот од гумите. Ферстапен се пожали на вибрациите при свиокот во 44от круг. Од тимот на Ботас го орабруваа да биде побрз во финишот. амилтон и Ботас како да се штедеа за финишот, па не се мачеа со престигнување. Леклер имаше мака со преминувањето на дозволената линија што и му беше сигнализирано. Расел и Џовинаци како постојано да беа еден до друг во трка за 15тото место

ферстапен покажа и оптимизам при крајот на трката, па шеговито на тимот му кажа дека лсободно може да ги исклучат моторите. На пет круга до крајот немаше многу возбудување.

Последниот круг помина истотака без многу возбудување. Лидерот од пол позиција, ја оствари победата, втора оваа сезона и десета во кариерата на голема радост на тимот на Ред Бул. Тимот на Мекларен се радуваа што го престигнаа Рејсинг поинт во конструкцијата на мотори. Сепак, најмногу битка имаше за освојување што повеќе бодови, односно распоредот до десеттото место.

Голема беше и радоста на победникот Ферстапен. За него ова е втора победа во веќе завршената сезона и вкупно десетта во Ф1 кариерата, но недоволна за да го преземе второто место во генералниот пласман од Ботас. на четврто место се најде клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Албон, а по него следеа Норис, Сајнц, Рикардо, Гасли, Строл и Окон.

Трката традиционално заврши со поздрав од возачите на Марцедес со правењето на т.н. крофни на асфалтот.
Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари