Ферстапен најбрз на квалификациите во Абу Даби
Foto

Ферстапен најбрз на квалификациите во Абу Даби

Луис Хамилтон се врати на патеката на последните квалификации, откако минатиот викенд Џорџ Расел го замени на трката за ГН на Сахир во Бахреин и не успеа да дојде до победата заради двете катастрофални грешки на тимот на Мерцедес.

Формула 1 потврди дека Хамилтон ги поминал сите медицински тестови за Ковид 19 и со негативен наод и десетдневен карантин, тој се враќа на патеката.

Но, Формула 1 повторно не помина без инцидент откако вчера на вториот тренинг болидот на Кими Раиконен од Алфа Ромео се запали откако му откажа моторот. Раиконен мораше да застане покрај патеката „Јас Марина“, откако преку радиото веднаш беше предупреден дека задниот дел му е во оган. Финецот познат под прекарот „Ајсмен“ успеа да излезе од запалениот болид и заедно со маршалите покрај патеката го гаснеше оганот.

На денешните квалификации, првата петорка што отпадна беа Раиконен, Магнунсен, Расел Фитипалди и Латифи, а во втората елиминација отпаднаа Окон, Фетел, Џовинаци и Перез.

Во драматичниот финиш, во борба за утрешната пол позиција, најпрвин изби Ботас, но наеднаш Макс Ферстапен излета како од никаде и ги помина Хамилтон и Ботас со што изби на првото место и утре ќе стартува од привилегирана позиција на последната годинешна трка во Ф1.

Ова е прва пол позиција на возач кој нема мотор на Мерцедес и прва пол позиција на некој друг по 2013 година, кога Ред бул освои пол позиција со мотор на Рено. Голема беше радоста во боксот на Ред Бул.

Ферстапен оваа година 13 пати старуваше од топ позиција, а ниту еднаш од пол позиција. Ова е трета пол позиција на Ферстапен, иако статистички, пол позициите не се најсилната страна на Ферстапен. Ботас се израдува на фактот што конечно успеа да го остави шампионот Хамилтон зад себе.

Ботас заврши на второ место, а Хамилтон е трет.

Во вториот стартен ред се Норис, Албон, Саинц, Квјат, Строл, Леклер и Гасли.

Утре трката започнува во 14 часот со директен пренос на ТВ24.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари