Фернандеш: Верувам дека ќе стигнеме до ЛШ
Foto

Фернандеш: Верувам дека ќе стигнеме до ЛШ

Бруно Фернандеш смета дека Манчестер Јунајтед ќе може да се квалификува за Топ 4 и беше задоволен од победата над Брајтон со 3-0.

Португалецот се запиша двапати и повторно беше клучна фигура за „црвените ѓаволи“, покажувајќи дека инвестицјата во него не е залудна.

– Најважно беше што победивме, но исто така игравме добро, па токму затоа го постигнавме овој многу добар резултат. Не дозволивме гол, што исто така беше важно. Де Хеа направи две или три одлични одбрани и ние сме многу среќни. Знаевме дека треба да извршиме притисок од самиот почеток и да постигнеме ран гол. Имав среќа со мојот прв гол, а вториот беше навистина одличен, затоа што пасот на Мејсон беше прекрасен. Ние се бориме за место во ЛШ и верувам дека ќе го постигнеме тоа, изјави тој.

0 Коментари

Остави коментари