Ферари потврди, Фетел си оди на крајот од сезоната
Foto

Ферари потврди, Фетел си оди на крајот од сезоната

Себастијан Фетел ќе му каже збогум на Ферари по крајот на сезоната. Двете страни подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, но не успеаја да најдат заеднички јазик.

Шпекулациите за разделба почнаа да кружат доцна синоќа, а официјална потврда стигна утрово.

Се говореше дека главна пречка во преговорите бил финансискиот пакет, односно драстично намалување на платата од сегашните преку 30 милиони евра, на 9-12 милиони евра годишно, колку што зема вториот возач Шарл Леклер.

Себастијан Фетел сепак вели дека парите не биле проблем, едноставно немало хармонија.

„За да се остварат најдобри резултати, важно е двете страни да работат во перфектна хармонија. Тимот и јас дојдовме до заклучок дека повеќе нема заедничка желба да работиме заедно по крајот на оваа сезона. Финансиите немаа никаква улога при носењето на одлуката“ – вели Германецот кој има 14 победи и 12 полпозиции во црвениот болид.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во Ферари, особено на „тифозите“ ширум светот за поддршката која ми ја даваа изминативе години. Целта сега е да ја завршам ова сезона, се надевам со нови убави моменти“.

 

0 Коментари

Остави коментари