Ферари го претстави новиот претендент за титулата во Формула 1
Foto

Ферари го претстави новиот претендент за титулата во Формула 1

Тимот на Ферари официјално го претстави новиот болид „СФ90“ за претстојната сезона 2019 во Формула 1, со надеж да ја запрат петгодишната хегемонија на Мерцедес.

Големата цел е враќање на светската титула повторно во Маранело, а за последен тоа успеа да го направи пред повеќе од десет години Кими Раиконен во 2007 година.

Од оваа сезона, Финецот веќе не е дел од „црното коњче“, а неговото место до лидерот на тимот и четирикратен светски шампион, Себастијан Фетел, го зазеде ветувачкиот млад талент Шарл Леклер.

0 Коментари

Остави коментари