Ферари: Болидот е дизајнерска грешка, немаме шанси за титула пред 2022 година
Foto

Ферари: Болидот е дизајнерска грешка, немаме шанси за титула пред 2022 година

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, призна дека новиот автомобил е „дизајнерска грешка“ и Скудерија нема шанси да се бори за титулата до 2022 година, кога ќе стапат на сила новите правила во Формула 1. Следната година автомобилите ќе останат непроменети поради „замрзнувањето“ на правилата донесени заради пандемијата на коронавирус.

Така, големите промени во спортот се одложени до 2022 година, што значи дека во следниот шампионат автомобилите на Ферари ќе настапат просечно. Во првите три старта на првенството „црните коњчиња“ се петти по сила тим, губејќи не само од шампионите од Мерцедес и Ред Бул, како што беше лани, туку и од екипата на Мекларен и Рејсинг Поинт.

– Во моментов, нашиот тим нема сили да се бори со лидерите за светската титула. Ова е откако нашите нови автомобили се покажаа како дизајнерска грешка. Имаме сериозни проблеми, претежно од аеродинамична природа, како и со динамиката на автомобилите кои доаѓаат од губење на моќта по промените во правилата на ФИА. Сето ова доведе до фактот дека веќе не сме конкурентни и тоа може да се види со голо око кога излегуваме на патеката, призна Џон Елкан.

Со одложувањето на новите правила, тој очекува тимот дповторно да победува и да биде во битка за титулата во 2022 година.

– Во моментов ги поставуваме темелите за нов почеток, нов циклус во историјата на Ферари. Кога Жан Тод го подготви тимот за нашиот шампионски период со пет титули по 2000 година, бевме на уште подолга 20-годишна пауза без титула. Биното ги има потребните квалитети и експертиза да го стори истото сега и промената на правилата ни дава можност да започнеме одново, заклучи претседателот на Ферари.

0 Коментари

Остави коментари