Феенорд, Клуб Бриж, Баерн М. и Бенфика во осминафиналето од ЛШ

 

Феенорд, Клуб Бриж, Баерн Минхен и Бенфика обезбедија пласман во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите.. Италијанските претставници Милан и Аталанта не успеаја да ја минат бараж фазата... Милан одигра 1:1 на домашен терен против Феенорд што не беше доволно за да се најде во продолжението по неочекуваниот пораз на првиот натпревар... Актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта, пак, не ја оправда фаворитката улога против Бриж, од кој загуби со 3:1... Баерн, во Минхен се мачеше против Слетик... Дејвис беше херојот на домашните кој со погодокот во 94-та минута за конечни 1:1 им обезбеди и место во осминафиналето... Бенфика на двапати губеше од Монако во Лисабон, за во 81-та минута Кокчу да погоди за 3:3, резултат со кој се најде во следната фаза... Вечерва се играат уште четири натпревари во кои се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Спортинг, ПСВ и Јувентус, односно ПСЖ и Брест...