Федерер излегува од Топ 10 за првпат од јануари 2017 година
Foto

Федерер излегува од Топ 10 за првпат од јануари 2017 година

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата.

Дваесеткратниот грен слем шампион дефинитивно ќе ги напушти најдобрите 10 тенисери на светот следната недела.

Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен-2017. Тогаш Швајцарецот кој го освои Грен слемот во Мелбурн како 17-ти рекет во светот.

Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11. место.

0 Коментари

Остави коментари