ФБИ го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс како лицето кое пукаше во Трамп

ФБИ го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.

ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ.

Трамп е повреден во десното уво, но како што и самиот изјави, тој е добро. Осомничениот за обид за атентат е убиен од американската Тајна служба.