Фаучи: Пандемијата би можела да биде под контрола до крајот на оваа година
Foto

Фаучи: Пандемијата би можела да биде под контрола до крајот на оваа година

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи смета дека пандемијата на коронавирусот би можела да биде ставена под контрола до крајот на оваа година.

Според неговите проценки, фармацевтските компании на почетокот на идната година ќе произведат десетина милиони вакцини против коронавирусот, а веќе кон крајот на 2021-ва година веројатно ќе бидат достапни милијарда дози.

Тој исткна  дека вакцината ќе биде достапна до крајот на оваа година, што значи дека тогаш пандемијата ќе биде ставена под контрола. Фаучи негираше дека од белата куќа постои притисок веста за вакцината да се објави пред претседателските избори закажани за 3-ти ноември за да се зголемат шансите Доналд Трамп да биде реизбран за претседател на земјата.

0 Коментари

Остави коментари