Фајон: Не е време за покана на Украина во НАТО
Украина е сè поблиску до НАТО, но не е време за официјална покана, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
- Сите се согласивме дека процесот на приближување на Украина до НАТО е неповратен, но вчера не беше моментот за таква одлука, изјави Фајон.
Словенија поддржува политика на отворени врати на НАТО, а истовремено најави испраќање свој претставник во новоформираното командно тело на НАТО во Германија за координација на западната помош и обука на украинските војници.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига, побара дополнителна воена помош, нагласувајќи дека Украина нема да прифати никакви гаранции за безбедност освен целосно членство во НАТО.