Фајнанс тинк: Пензиите не може да се зголемат, платите на функционерите мора да се вратат

Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цени. 

Од друга страна, по одмрзнувањето и зголемувањето на платите на избраните и именуваните лица, што доведе до кумулативен раст од 78%, Владата мора да изнајде итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба, се вели во анализата на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк.

Според анализата во услови на зголемени трошоци за живот клучно е за  социјалните надоместоци и пензиите усогласување со порастот на трошоците на живот. Оттаму велат дека зголемувањата на пензиите, особено зголемувањата надвор од предвиденото законско усогласување со порастот на трошоците на живот и просечната плата, е неопходно да се гледаат од призма на макро-стабилноста на пензиските финансии, односно дали фондот за пензиско и инвалидско осигурување може стабилно и без ликвидносни проблеми да ги исплаќа презмените обврски кон пензионерите сега и во иднина.