Ф1 квалификации: Леклер, па Хамилтон на стартот на утрешната трка во Сочи
Foto

Ф1 квалификации: Леклер, па Хамилтон на стартот на утрешната трка во Сочи

Формула 1 квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Русија во Сочи завршија, а на нив најбрзо време имаше францускиот возач од редовите на Ферари, Шарл Леклер.

Веднаш зад него, второ најдобро време оствари пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон.

Од втората линија на утрешната трка ќе стартуваат Себастијан Фетел од Ферари, односно Макс Ферстапен од Ред Бул.

Леклер денеска ја оствари четвртата пол позиција во низа, и стана прв пилот на Ферари со таков биланс по Михаел Шумахер во 2000/2001.

Трката во Сочи е утре во 13.10 часот.

0 Коментари

Остави коментари