Ф1 извести: Очекуваме сезоната да почне на 5 јули во Австрија!
Foto

Ф1 извести: Очекуваме сезоната да почне на 5 јули во Австрија!

Челниците на Формула 1 во истиот ден кога го објавија дефинитивното откажување на Големата награда на Франција, го објавија и амбициозниот план за почеток на сезоната која никако да почне поради пандемијата со коронавирусот.

Прва би се возела трката за големата награда на Австрија, на 5 јули, по што би се продолжило со европски трки и во август и на почетокот од септември. Во следните три месеци болидите би се натпреварувале во Евроазија, Азија и двете Америки, додека сезоната би финиширала во Персискиот залив со пресметките во Бахреин и традиционалниот крај во Абу Даби.

Планот е да се финишираат 15-18 трки, а целосниот календар би се објавил дополнително. Според првиот човек на Ф1, Чејс Кери, првите трки од новиот шампионат би се возеле без публика на трибините, но се очекува тие да се вратат на своите позиции во продолжението, кога ќе го дозволи тоа борбата против болеста Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари