Ф1: ГН на Русија се сели од Сочи во Санкт Петерсбург
Foto

Ф1: ГН на Русија се сели од Сочи во Санкт Петерсбург

Трката за Големата награда (ГН) на Русија , која од 2014 година се вози во Сочи, ќе се пресели во Санкт Петерсбург почнувајќи од 2023 година, соопшти денеска раководството на Формула 1. 

Одлуката значи дека Сочи останува домаќин на ГН на Русија во 2021 и 2022 година, пред трката да се пресели во 2023 на патеката „Игора Драјв“, лоцирана околу 80 километри северно од Санкт Петерсбург. 

„Нестрпливи сме да се натпреваруваме на тоа исклучително стимулирачко место, кое содржи десет професионални патеки за трки  и тренинзи на површина од околу 100 хектари“, се наведува во соопштението на Формула 1. 

Годинешното издание на ГН на Русија, 15-та од вкупно 23 трки сезонава, треба да се одржи на 26 септември.

0 Коментари

Остави коментари