Европско првенство во шах: Реми и пораз за македонските селекции
Foto

Европско првенство во шах: Реми и пораз за македонските селекции

Во претпоследното, осмо коло на Европското првенство во шах, македонската машка селекција ремизираше 2-2 против Белгија, додека шахистките претрпеа убедлив пораз од Хрватска со 3,5 – 0,5.

Европското шаховско првенство, чиј домаќин е Словенија, завршува денеска со натпреварите од деветтото коло во кое македонската машка селекција за противник ќе ја има Црна Гора, додека шахистките ќе играат против Исланд.

Спроти завршната рунда, македонските шахисти се на 35. место со шест бодови, додека дамите се на 27. место со пет бодови.

0 Коментари

Остави коментари