Европските перспективи тема во Собранието
Од нас зависи дали 2023 година ќе биде година за паметење со европска перспектива или нова блокада за државата и граѓаните, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска пред пратениците во Собранието.
И власта и опозицијата остануваат на својот став. Владата побара вметнување на Бугарите во уставот до крајот на годината, од ВМРО-ДПМНЕ пак му одговорија - време е за избори.