Европскиот суд за правда на 10 декември ќе ја донесе одлуката за едностран излез на Британија од ЕУ
Foto

Европскиот суд за правда на 10 декември ќе ја донесе одлуката за едностран излез на Британија од ЕУ

Европскиот суд за правда денеска соопшти дека одлуката за тоа дали Велика Британија може еднострано да излезе од ЕУ ќе биде донесена на 10 декември.

Одлуката се донесува со невообичаена итност, пред клучното гласање во британскиот Парламент за тоа дали ќе го прифати договорот за Брегзит кој го постигна британската премиерка Тереза Меј.

Советник на Европскиот суд за правда завчера изјави дека Британија може едноставно да го запре Брегзит, без одобрение од другите држави членки, со што се зголемија надежите на оние кои сакаат да го запрат процесот.

Судиите вообичаено следат такви мислења, коментираат светските агенции.

Во меѓувреме, Меј на пратениците во британскиот Парламент им повтори дека изборот е или да го поддржат нејзиниот договор или да се соочат со Брегизт без договор, или дури и негово поништување.

– „Постојат три опции: едната е да ја напуштиме Европската унија со договор, другите две се да ја напуштиме без договор или воопшто да не дојде до Брегзит“, истакна таа.

Меј рече дека е јасно оти во британскиот Парламент постојат луѓе кои сакаат да го спречат Брегзит и на тој начин да го поништат гласот на британскиот народ, но оти смета дека тоа не е исправно.

0 Коментари

Остави коментари