Европскиот суд за човекови права донесе привремени мерка во случајот Ерменија против Азербејџан
Европскиот суд за човекови права имајќи ја во предвид дека сегашната состојба предизвикува ризик од сериозно прекршувања на Конвенцијата, (заседавајќи во совет од седум судии) одлучија да го применат членот 39 од Деловникот на судот, јави дописникот на МИА.
Со цел да ги спречат ваквите прекршувања и согласно членот 39, Судотод Стразбур ги повика Азербејџан и Ерменија да се воздржат од преземање на кои било мерки, особено воена акција, што може да повлече кршење на Конвенцијата и на правата цивилното население, вклучително и ставање под ризик на нивниот живот и здравје и да се усогласат со нивните ангажмани согласно Конвенцијата, особено во однос на член 2 (право на живот) и член 3 (забрана за тортура и нехуман или понижувачки третман или казна) на Конвенцијата.
Судот исто така ги покани двете договорни страни да го известат што е можно побрзо за мерките преземени за да се усогласат со нивните обврски.
Мерките согласно правилото 39 од Деловникот на Судот се одлучуваат во врска со постапките пред Судот, без да прејудицира какви било последователни одлуки за допуштеност или основаност на случајот. Судот ги одобрува ваквите барања само по исклучителна основа, кога апликантите инаку би се соочиле со: реален ризик од неповратна штета.