Европскиот печат анализира - Македонија пред можно вето од Бугарија
И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се вклучи во македонско – бугарскиот спор. Димитриевски ќе го врати орденот кој го добил од бугарското министерство за одбрана повод 100 годипшнината од првата балканска војна.
Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи ги повика историчарите од двете земји да ја намалат реториката, а премиерот Заев внимателно ги бира зборовите кога се работи за Бугарија. Димитриевски вели дека не смета дека ќе предизвика проблем во процесот.
Европските весници пак се почесто пишуваат за можната бугарска блокада, после угледниот „Политико“, германскиот „Зидојче цајтунг“ пишува дека Бугарија сака да ја принуди Македонија дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а националните херои се Бугари. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски пак му порача на премиерот Заев да не се правел недоветен со намерата да даде јавна изјава во однос на некои недоразбирања во договорот за добрососедство. Џамбаски додава дека е апсолутна вистина дека Гоце Делчев бил бугарин.