Европскиот парламент објави остар извештај за Србија
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денес ги усвои извештаите за напредокот за четирите земји од Западен Балкан и за Украина и Молдавија. Целиот Европски парламент ќе гласа за усвоените извештаи на една од следните пленарни седници.
Во извештајот за напредокот на Босна и Херцеговина се изразува жалење за оставката на високиот претставник Кристијан Шмит и се нагласува дека таквата оставка не смее да се поврзува со укинување на законите донесени како одговор на сецесионистичките дејствија или неуставните мерки промовирани од Милорад Додик.
Европратениците бараат следниот висок претставник да биде од земја-членка на ЕУ и да дејствува врз основа на јасен план за постепено затворање на Канцеларијата на високиот претставник и префрлање на одговорностите на специјален претставник на ЕУ.

