Европски совет во Брисел – треба да се потврдат заклучоците за С. Македонија и Албанија
Foto

Европски совет во Брисел – треба да се потврдат заклучоците за С. Македонија и Албанија

Во Брисел почна дводневниот Самит на ЕУ на кој се очекува потврда на заклучокот на министрите за надворешни работи за земјава, без поголеми очекувања за некаква пресвртница. Темата на проширувањето не е високо на агендата на Европскиот Совет.

Она што е значајно за Нас, е дека на вечерашната сесија се очекува само потврда на министерките одлуки, дека Македонија и Албанија ќе чекаат за одговор за датум за преговори до октомври. Проширувањето на ЕУ кон Балканот било блокирано од Париз, Берлин и од Хаг, под овој наслов париски Ле Монд ја објаснува одлуката на 28-те земји членки за одложување на одлуката за датум до октомври годинава.

„Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат, дури и ако вратата што се надеваа да се отвори оваа пролет требаше само да доведе до првите преговори. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, во Луксембург не го одобрија принципот за отпочнување на пристапни преговори, што би имало големо симболично значење за нив. Ова бара едногласност од дваесет и осумте земји членки на ЕУ“. - нагласува МОНД.

Прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува прашање на поделби меѓу земјите-членки, пишува париски„Монд". Инаку, Големиот број брифинзи и разговори кои претходеа на дводневниот самит на ЕУ што се одржува денеска и утре, не ги расчистија дилемите околу изборот на новите лидери на Унијата. По изборите за Европскиот парламент треба да се најдат петмина за функциите, претседател на ЕК, на Европскиот Совет, на ЕП и на Европската централна банка, како и мандатите за комесарите. По изборите ослабени се досегашните големи блокови во ЕП.

За стабилно мнозинство се потребни коалиции меѓу четири групи, Христијанскките демократи и Социјал демократите со либералите, Зелените или десничарските популисти. Христијанските демократи, како најсилна фракција, инсистира претседател на Комисијата да биде Манфред Вебер, за што се противат другите партии. Ако Вебер не обезбеди мнозинство, тогаш во игра е Франс Тимерманс, кандидат на Социјал демократите. Германската канцеларка Ангела Меркел, на доаѓањето на Самитот, без воопшто да ја споемен земјава и проширувањето, само повтори дека владејачката коалиција во Германија поддржува систем на т.н. Водечки лидери како принцип за избор на претседател на ЕК.

„Во европскиот Совет има различни ставови и можно е денеска да не дојде до конечно решение.“ - изјави Ангела Меркел – германска канцеларка.

Европскиот совет ќе разговара и за климатските промени пред Самитот на Обединетите нации за климатски активности во септември годинава. Утре евросамитот ќе биде во проширен формат. Следниот е на 23 јули, но со огелд на заклучоците јасно е дека Македонија нема да се најде ниту таму. Во октомври пак, каде што се очекува земјава повторно да биде високо на агендата и да се донесе конкретна одлука, во фокусот на Унијага ќе биде и брегзит поради рокот за напуштање до 31 октпмври.

0 Коментари

Остави коментари