Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Одлуката на Судскиот совет, Беса Адеми да остане претседател на Врховниот суд е силен удар за дуи и надеж за граѓаните и правдата во државата – велат од Европскиот сојуз за промени. Според нив одлуката следи поради достоинствени судии кои ја сакаат правдата и покрај огромниот притисок од власта и како резултат на острата реакција на меѓународниот фактор. 

За време на официјалниот престој во Вашингтон, лидерите на Европскиот сојуз за промени, Гаши, Касами и Меџити ги продолжуваат средбите со високи американски претставници. Денеска во Вашингтон беа примени од конгресменот Џим Химес, копретседател на Претставничкиот дом на САД и дел од парламентарната група за албански прашања.