Европски фронт до Мицкоски: Поработи на реформите во Владата и кај дел од назначените функционери
Мицкоски да поработи на реформите во владата наместо да се занимава со ДУИ. Ова е одговорот кој денеска интегративците му го испратија дирекно на премиерот Мицкоски откако вчера од Охрид го прозва нивниот лидер Ахмети да се позанимава со внатрепартиските реформи . Одговор содржан во неколку приоритетни точки веќе скоцка и првиот интегративец Ахмети во кој наведува дека главен приоритет за нив остануваат евроинтеграциите без никакво одлагање и без никакви двоумења, како единствена алтернатива за земјата. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции како и почитување на етничкиот легитимитет . Од партијата на Ахмети со порака и до Владата дека Европскиот фронт е стабилен и дека како што порачаа албанските гласачи и останатите етнички заедници ним им ја дале довербата на последните избори
Од Вреди пак денеска со дирекна порака до ДУИ да се адаптираат да бидат опозиција но и како што му порача Таравари на Ахмети за да бара од нив да седнат на заедничка маса најпрвин треба да направат реформи во партијата .
Премиерот Мицкоски вчера од настан во Охрид му порача на Ахмети да се навикне да биде опозиција и дека како што рече ќе му помогнел да ја исчисти партијата од криминалните структури и да направи реформи во неа . Но како што рече бил отворен за конструктивна соработка и предлози за доброто на државата .